• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Нови 100 контејнери ќе се постават низ Тетово, во функција и 15 полуподземни контејнери, набавени и две возила за подигање на отпадот

06/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Низ Тетово во функција ќе бидат ставени новите 15 полуподземни контејнери, како и 100 контејнери добиени како донација од турска општина. За полуподземните контејнери се набавни и две специјални возила.  Средствата од 28 милиони денари за набавка на полуподземни контејнери и две возила се добиени од остатокот од набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово во 2019 година, вреден над 72 милиони денари.

-На 30.06.2022 година е направено примопредавањето на контејнерите и камионите, а веќе два дена истите се ставени и во функција. Главната цел на проектот е подобрување на комуналните услуги во општина Тетово преку Јавното комунално претпријатие. Проектот, покрај подобрување на услугите за граѓаните, ќе значи и чекор кон подобрување на капацитетите на ова претпријатие воопшто. Од 15-те полуподземни конјтенери осум контејнери се од 3000 литри и седум од 5000 литри, како и две специјални возила за третман на отпадот од овие контејнери, изјави градоначалникот Биљал Касами на денешната промоција.

Воедно Тетово доби и контејнери како донација од Општина Каратај, град Коња во Турција.

-Од општина Каратај град Коња, добивме донација од 100 контејнери за потребите на нашиот град, за која се направени сите предвидени процедури и истите од утре ЈКП може да ги стави во функција. Посветени сме максимално да го решиме еден од најгорливите проблеми на Тетово, децениското неупешно менаџирање со отпадот во градот. Ова за нас како локална власт е едно од најприоритетните прашања и чекор по чекор, со многу работа и труд, во ова ќе успееме, изјави Касами.

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

09/08/2022
Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Следна објава

Наплатата на комунални сметки во Тетово е околу 30 отсто, граѓаните должат 10 милиони евра

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.