Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19 од кои во тетовско се нови 13.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од кои 6 во тетовско.
Активно болни се 158 лица, додека во тетовскиот регион досега имало 1154 позитивни на Ковид-19.
Низ Македонија починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.). Пациентите се починати во болнички услови.