Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19 од кои 14 во тетовско. Тетовско сега има вкупно 714 дијагностицирани од кои активни 394.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од кои 4 се од тетосвскиот регион или вкупно 267 оздравени. Починати вкупно 53.