Од 29 нови заболени низ Македонија со Ковид-19, нови 5 се бележат во тетовскиот регион. (Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2) . Тетовско вкупно брои 126 заболени и 11 смртни случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти (Штип 1, Велес 3, Гостивар 1, Кочани 1,
Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирањ. Вкупно 20088 тестирања се направени досега.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1723, бројката на оздравени пациенти е 1235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.
СВР Тетово соопшти дека две лица приведени во полиција поради прекршување на мерката за ограничено движење и еден угостителски објект кој работел и покрај владината забрана во изминатото деноноќие во тетовскиот регион по однос на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.
Во периодот 13/14 мај нови 28 лица се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, а контролирале вкупно 135 лица со претходни решенија. Решенија за самоизолација потпишале 2 нови лица, а е извршена контрола 28 лица кои се уште се во самоизолација, се наведува во статистичките податоци од СВР Тетово.