Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 од кои во тетовскиот регион се 6 нови случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти од кои 10 во тетовско.
Сега активни се 152 случаи на болни од Ковид-19, а вкупно дијагностицирани се 1129 во тетовскиот крај.
Починати се четири пациенти, два пациенти од Скопје (54г. и 55г.), пациентка од Кавадарци (69г.), и пациент од Свети Николе (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12653, бројката на оздравени пациенти е 9123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2991.