• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Нов лик на црквата „Свети Атанасиј“ во тетовска Брвеница

Во изминатиов период се изградија дополнителни нови надворешни ѕидови лево, десно и напред пред вратата од црквата. Потоа се отвори кровот и се изгради купола и камбанерија кои што со лаци се поврзани со надворешните ѕидови.

05/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Црквата “Свети Атанасиј” во тетовска Брвеница го добива новиот лик откако во септември 2018 година започна проширување на објектот. Во изминатиов период се изградија дополнителни нови надворешни ѕидови лево, десно и напред пред вратата од црквата. Потоа се отвори кровот и се изгради купола и камбанерија кои што со лаци се поврзани со надворешните ѕидови. Викендов се се рушеле дел од старите ѕидови со цел да се создаде единствена внатрешност на црквата.

-Кај олтарот ништо не се менува, нема градежни работи, останува ист. Ќе се добие поширок наос (место за верниците во црквата при богослужба). Понатаму во предниот дел се планира продавница за свеќи и сувернири, а десно крстилница. Сето ова ќе биде во склоп на целата црква. Откако ќе се заврши со црквата ќе се работи надвор на партнерно уредување, изградба на нов базен за Водици и летниковци, да се подобри зеленилото со што дворот значително ќе се видоизмени-изјави протејереј Ивица Спасеноски, старешина на црквата.

Целосното проширување е овозможено со помош на донациите од верниците.

-Обезбедени се сите потребни средства за карабината со купола и камбанерија и сите градежни материјали како и прозорци. Во иднина ќе требаат средства за врати, за малтерисување и фрескоживописот и ентериерно уредување во внатрешноста на црквата, како плочки, лустери и друго. Поголемиот дел од средствата се обезбеден и од црковното настојателство благодарение на верниците од Брвеница кои 12 години досега дарувале и спонзорирале. Поголем дел дава Ратко Анѓелковски-Кифла, иницијатор за проширување на црквата-рече протојереј Спасеноски.

Во наредниот период ќе се следува осветување на крстовите на куполата и на камбанеријата.

Тагови: брвеницасвети атанасијцрква

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Два ноќа кампување и два врвови викенд-акција на ПК Јелак од Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!