Средното стручно општинско училиште Моша Пијаде од Тетово од почетокот на овој месец започна со реализација на нов Еразмус плус проект кој ги спојува математика и уметноста. Во проектот училиштето се вмрежува со ученици и наставници од Литванија, Хрватска, Турција, Грција, Италија и Македонија.
-Иако се чини дека математиката и уметноста не одат заедно, тим на професори од шест земји, меѓу кои беа и директорот Небојша Трпковски и професорот по математика Виолета Србиновска, создаде проект кој покажа дека математиката и уметноста се меѓусебно исплеплетени и така проектот е насловен : Math, Music and Art will keep you smart! или скратено MA(R)TH, соопштија од училиштето.
Ќе се користат веб-алатките и програмите за математика и уметност за да создадат интересни содржини за настава и учење.
-Математиката ќе биде презентирана на малку поинаков начин отколку што сме навикнати и како таква сигурно ќе биде поинтересна и попривлечна за учениците. Да ги спомнеме некои од темите: дропките и музиката, низата на Фибоначи во уметноста, фрактал (геометријски лик или математичко множество со структури што личат на самите себе.), математика и архитектура. Секоја од партнерските училишта ќе подготват презентации, ќе изготвуваат квизови, ќе фотографираат, ќе компонираат, ќе цртаат, ќе сликаат, ќе учествуваат во видео конференции.И учениците и наставниците ќе научат да работат во GeoGebra и Chrome Music Lab и користат 3D printer. Исто така, ќе има можност за размена на примери на добра практика, бидејќи ќе се организираат заеднички посети на сите партнерски училишта, изјави Виолета Србиновска, професор по математика.
Проектот ќе се спроведува 20 месеци или следните две учебни години.