• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Нов смет на старо место во Тетово

17/06/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Несовесни граѓани повторно фрлаат смет и кабаст отпад на старо место – на влезот во градот од правецот на Скопје каде порано беше претоварна станица и создадена дива депонија.

Сметот е фрлен долж патот кој претставува влез и излез од градот кон стариот пат Тетово-Скопје, а воедно и економска зона во градот каде функционираат повеќе деловни субјекти.  Оставени се делови од мебел, комунален отпад но и смет кој се забележува дека е остаток од фарбичко производство.

Од август 2019 земјиште во атарот на селото Фалише е новата локација каде јавното комунално претријатие Тетово ја користи како претоварна станица, а воедно се посочува на граѓаните како место каде може да однесат кабаст и друг поголем отпад.

-Цврстиот отпад како мебел за домаќинства, санитарна опрема, градежни материјали, гранки од дрвја и слично не треба да се остава на места каде што е забрането бидејќи освен што ја загадува животната средина, предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад. Отпадот може да се однесе на новата претоварна станица на патот Тетово кон Фалише, велат од јавното комунално претпријатие „Тетово“.

Низ градот постојат неколку места „црни точки“ каде постојано има големи купишта смет за кои граѓаните реагираат дека е потребно и поголем ангажман од комуналците за собирање и носење на отпадот. Таква е состојбата во коритото и кејот на реката Пена, пред православните гробишта, околу стариот градски стадион како и кај недоградената спортска сала кај спортскиот центар. Честа слика се и преполните контејнери.

А.С

 

 

 

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

30/05/2023
Следна објава

Поголем прекин во водоснабдувањето, се санира надворешно истекување од водоводната мрежа

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!