Во тетовската полиција вчера е пријавена кражба на пари од црквата Свети Атанасиј во Радиовце. Според пријавителот кражбата се случила ноќта помеѓу неделата и понеделникот.
-Случајот во СВР Тетово вчера во 8 часот и 20 минути, го пријавил М.П.(29) од Радиовце. Во периодот помеѓу 30 и 31 август годинава, засега непознати сторители од црквата одзеле парични средства, информираат од СВР Тетово .
По пријавата извршен е увид и се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување и документирање на случајот.
А.С
Attachments area