• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Одбележан Денот на ослободувањето на Тетово пред Споменикот на револуцијата

19/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денот на ослободувањето на Тетово во Втората светска војна 19 ноември во 1944 година денес беше одбележан о традиционалното положување цвеќе пред Споменикот на Револуцијата во градот.  Почит кон загинатите и учесниците во Народонослободителната војна беше одддадена и со едно минутно молчење.

-Годинава одбележуваме 75 години од ослободувањето. Во Втората светска војна 546 животи се дадени од тетовчани, од градот и околијата за да бидат ослободени од тројната фашистичка окупација. Со ослободувањето на Тетово бил ослободен секој град а со тоа и цела Македонија, истакна во пригодниот говор Јоцко Димитриевски, претседател на општинската организација на Сојузот на борци од Тетово.

Цвеќе пред Споменикот положија делегации и претставници на Општина Тетово, Тетовскиот сојуз на борци, АРМ, СВР Тетово, Сојуз на борци од Гостивар, Сојуз на борци од Штрпце, СДСМ Тетово и ВМРО ДПМНЕ Тетово, НУ Музеј на тетовски крај, Резервни воени старешини, Сојуз на воени инвалиди Тетово, Здружение на пензионери Тетово, Српска заедница во Македонија,регионален одбор Тетово, Македонско-хрватско пријателство и ученици од ОУ „Андреа Савески Ќиќиш“.

Вчера во пресрет на празникот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ беше одржана пригодна свеченост со уметнички перформанс насловена „75 години Слободно Тетово“.

 

Тагови: 19 ноемвриден на ослободувањеТетово

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Се изгради мостот помеѓу шарпланинските села Шипковица и Бродец

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.