Ветераните на одбојкарскиот клуб Југохром се победници на 4-ти турнир за ветерани „Тетово опен 2019“. Во финалето на турнирот што денес се одигра во Тетово, Југохром ја совлада Струмица со 2-0 или со 21-11 и 21-18 по сетови.
Во полуфиналните дуели Југохром ја совладата екипата на 11 Октомври од Прилеп со 2-0 (22-20 и 21-8) додека Струмица го совлада Вардар со 2-0 (21-14 и 21-17).
За екипата на Југохром настапија поранешниот селектор Жарко Ристоски, Ивица Хаџи Иљоски-Чајка, Марјан Шуменковски, Ванчо Милошески, Тасо Угриновски, Борче Мирчевски и Борис Чуприна.
Турнирот беше во организација на Федерацијата на спортси ветерани и здружението на спортски ветеран „Шарпланинец“ од Тетово со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.
А.С