• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Одлуки за нова спортска сала и зголемување на број на деца во градинките на денешната седница на Советот на општина Тетово

Во рамки на дворот на основното училиште „Андреа Савевски-Ќиќиш“ предвидено е да има сала со вкупна површина од 1500 квадратни метри. 

29/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на општина Тетово ја одржа 23-тата седница на која донесе одлука да се почнат урбанистички процедури со цел да се гради спортска сала во рамки на дворот на основното училиште „Андреа Савевски-Ќиќиш“.Предвидено е да има сала со вкупна површина од 1500 квадратни метри.

-Со оваа одлука ќе може да се започнат процедури и соодветна програмата за пренамена на земјиште на катастарска  парцела број 13450, образложи раководителот на секторот за јавни дејности Ахмед Ќазими.

Советот донесе одлука да се прифати и предлогот на Секторот во градинките да се зголеми бројот на деца во групи согласно зголемување на капацитетите.  Со новиот опфат бројката треба да достигне 1377 деца во градинките.

Советниците ги усвоија шест месечните извештаи за работа на работните едници „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена“ и „Зелен пазар“ при Јавното Комунално Претпријатие  „Тетово“.  При тоа беше побарано обрзложение од директорот за состојбите околу пазарот каде се забележува недозволена продажба на тротоарите.

-Пазарот од 319 тезги во моментот издава 166. Бараме од инспекторите да ги отстранат тие кои продаваат на диво. Во крајна фаза на регулација сме на продавањето на улиците кои водат кон Жичарата и кон Арабати Баба Теќе.  Предвидено е сите продавачи седум дена во неделата да може да продаваат во просторот на Воспитно-поправниот дом како затворен пазар, а не на улиците. Така ќе нема метеж на тие улици и нема да останува смет, објасни Џелал Цека, директор на ЈКП Тетово пред советниците.

Советниците донесоа одлуките за прифаќање на донации за Лето на тетовската култура, донација за пожарната како промена на член во управниот одбор на јавната установа за детски градинки. Изгласни беа и десетина одлуки за измена на урбанистичко планска документација.

 

Тагови: Градинкидецаопштина ТетовоСоветспортска сала

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Советот на општина Тетово без правилник за одредување финансиска помош од општинскиот буџет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!