• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Одржана свеченоста „75 години слободно Тетово“ по повод јубилејната годишнина од ослободувањето во Втората светска војна

Со одржување на свеченоста “75 години слободно Тетово“ вечерва беше одбележан датумот 19 ноември 1944 година кога Тетово е ослободено од фашистичките окупатори во Втората светска војна. За прв пат по повеќе децении се одржа ваква свеченост во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок во Тетово“.

18/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со одржување на свеченоста “75 години слободно Тетово“ вечерва беше одбележан датумот 19 ноември 1944 година кога Тетово е ослободено од фашистичките окупатори во Втората светска војна. За прв пат по повеќе децении се одржа ваква свеченост во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок во Тетово“.

Историски час за ослободувањето одржа Јоцко Димитриевски, претседател на општинската организација на Сојузот на борци од Тетово.

-Тетово е последен ослободен град и со тоа е означено ослободувањето и на Македонија во 1944 година од тројната окупација на Италија, Бугарија и Албанија. Последните борби и операции се водеа околу Тетово. Во ослободување на Тетово активно учествувале 15 –тиот партизански корпус со 41 и 48 дивизија со вкупно 8 бригади борци но и граѓани кои се жртвуваат за нашиот град, рече Димитриевски.

Тетово дава три партизански одреди и двајца народн хероид Тодор Циповски Мерџан и Ѓоце Стојчески Амбарче, посочи говорникот.

-Тие ги дадоа животите 10 дена по капитулација на Бугарија и два месеци пред ослободувањето. Вечно ќе се сеќавањеме на нивната жртва, истакна Димитриевски.

Дел од свеченоста беа и исторски часови за партизаните кои ги изгубиле животите за слобода на Тетово, како и културно уметничката програма, драмско-уметнички перформанс, а во фоајето на Центарот беше поставена изложба на портрети на борците од Народнослободителната борба НОБ – уметнички дела на академскиот сликар Павле Кузмановски.

Дел од одбележувањето ќе има и утре пред Споменикот на револуцијата во Тетово каде ќе биде одржана свечена церемонија со полагање свежо цвеќе.

 

 

Тагови: 19 ноември75 години слободно Тетовоослободување

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Организаторите на натпреварот за квалитет на мед во Тетово ги подарија собраните колични мед на деца и ученици

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.