• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Од вкупно 1407 казни за брзо возење годинава, 373 овие две недели

14/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во изминатите два и пол месеци од годинава, заклучно со денеска 14 март  на поширокото тетовско подрачје изречени се вкупно 1107 мерки за пречекорување на максимално дозволената брзина од возачите, од кои дури 373 во текот на овој месец, информираат од СВР Тетово. Најголемиот број од мерките се однесувале на пречекорувања надвор од населено место, пред сѐ на тетовскиот дел од автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, најчесто од патнички моторни возила.

– Меѓу возачите-прекршители констатирани се случаи на возење со брзина и за 50 и 70 километри на час повеќе од дозволената со постоечките сообраќајни знаци и друга сигнализација. Секторот за внатрешни работи Тетово, со оглед на тоа што претстои период на далеку поголема раздвиженост по патиштата на подрачјето, со апел до возачите непотребно да не брзаат, односно да ја прилагодат брзината според условите на патот во и надвор од населено место.Со тоа, најнепосредно ќе придонесат за сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот и за превенирање на можни сообраќајни несреќи, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На пребрзите возачи изготвени им се соодветни поднесоци тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година, зависно од големината на пречекорувањето.

ас
                        

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Ученици од Романија, Турција, Грција и Чешка во посета на Тетово во рамки на Еразмус програмата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.