• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Од денес може да се поднесуваат барања за финансиска поддршка за набавени пчелни матици, нерези или назимки

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

17/09/2019
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Сите фармери кои набавиле пчелни матици, нерези или назимки во приодот од 1 јануари до 30- ти септември 2019- та година, од денеска ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка по мерка 121 „ Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства“, информира Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој

Право на користење на средствата по оваа мерка имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Mаксималната вредност на прифаливите инвестиции по корисник изнесува 600.000 денари, за оние фармери кои набавиле пчелни матици од одобрени одгледувалишта на пчелни матици согласно Законот за сточарство. Поддршка од 6.500.000 денари по корисник ќе можат да добијат  сите фармери кои  набавиле педигрирани чистокрвни или хибридни свињи, нерези и назимки од увоз или од признати организации. “

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Ко- финансирањето се зголемува во случаи кога :

-се работи за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55%

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65%

-за инвестиции во недостапни рурални заедници 75%

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој во делот e-baranje.ipardpa.gov.mk

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за исплата со бараните податоци и да прикачат задолжителни електронски документи (фактури или сметкопотврда кои ги докажуваат реализираните трошоци, детални испратници за испорачаните матици/добиток, уредно заверени, Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС при МЗШВ не постаро од еден месеци од денот на објавување на јавниот повик, фискална сметка или налог за плаќање ПП30 со извод за плаќање или налог за плаќање ПП10 со извод за плаќање на име на добавувачот, образец на Договор уредно заверен со потпис и печат.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.

  • Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање на e-baranje.ipardpa.gov.mk
  • Барањата кои не поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Електронски пополнетото барање за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, уредно заверено со потпис и печат од барателот, заедно со целокупната потребна документација оригинал се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ Барање за исплата и Архивски број на Барањето (0619-12125-XXXX/1). Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

Тагови: назимкинерезипчелипчелни матицифинансиска поддршка

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: Граѓаните да платат данок на имот за да нема присилна наплата

25/01/2023
Инфо компас

Акција „Плати 2-земи 3“ на FLAIR брендот за спортска облека во Тетово и Гостивар

23/01/2023
Вести

Натпревар за наградување фотографии на кои е прикажан македонскиот фолклор

22/01/2023
Следна објава

Се одбележуваат 75 години од загинувањето на 19-те тетовски партизани во Беличица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.