Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Тетово преку својата интернет страница ќе прави упис на нови ученици за наредна учебна година согласно препораките за превенција од ширење на коронавирусот. Процесот на административно запишување започнува од утре 15 мај и ќе трае еден месец до 15 јуни, додека за аудициите дополнително ќе има одлука.
-Родителите на учениците кои сакаат ги запишат децата да започнат основно музичко образование во одделенијата I-3 (тригодишно), I-6, I-9 тоа ќе може да го направат исклучиво онлајн. Согласно како ќе бидат препораките ќе ги известуват од педагошката служба како ќе тече текот на аудицијата за прием, истакна Новица Соколовски, в.д директор на училиштето.
За средношколците согласно постапките за сите останати средни училишта ќе има три уписни рокови во јуни.
-Првиот е на 16 и 17 јуни, вториот на 24 и 25 и последниот на 29 јуни. Има слободни места 17 на македонски јазик и 17 на албански. Исто толку има и во подрачното училиште во Струга, истакна Соколовски.
Интернет страницата на училиштето е : www. todorskalovski.edu.mk
А.С