Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на Ковид-19 од кои во тетовскиот регион 12 нови заболени. Нема оздравени во тетовско, а бројката на активни случаи е 208 додека вкупно дијагностициранио се 1093.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од: Велес-2, Битола-6, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-3, Ресен-2.
Починати се 4 лица, пациент од Скопје (70г.), пациент од Гостивар (58г.), пациент од Куманово (51г.) и пациент од Македонски Брод (66г.). Два пациенти се починати во болнички услови, два се починати вонболнички.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11754, бројката на оздравени пациенти е 7622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3609.