• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ОК ВМРО ДПМНЕ : Две години локална власт во Тетово-ниту едно нивно ветување не е исполнето

Александар Велјановски, координатор на советничката група на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово и член на извршниот комитет на партијата ја одржа денешната прес конфреренција на која зборуваше за двете години владеење на општинската власт.

19/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Александар Велјановски, координатор на советничката група на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово и член на извршниот комитет на партијата ја одржа денешната прес конфреренција на која зборуваше за двете години владеење на општинската власт.

-Би сакале овој прес да започне со пофалби за успешно реализирани проекти од страна на владеачката гарнитура но за жал не е така. Народот памети, секогаш кога сдсм управува на централно и локално ниво граѓаните се  сведоци на беззаконието безредијата и општиот пустош во сите слоеви на опшеството.

Изминуваат две години од како коалицијата СДСМ и ДУИ е на власт на локално ниво на чело со градоначалничката Теута Арифи и скоро три години власт на централно ниво. Во овие две години наместо ветениот подобар живот Тетовчани живеат се полошо и полошо. За овие две години во Тетово нема ниту една инвестиција, ниту едно нивно ветување не е исполнето.

Арифи и СДСМ во предизборието ветуваа дека Тетово ќе стане европски град, еколошки чист град, со многу нови паркови и зелени површини. На урбанистички план ветија асфалтирање и уредување на улици и тротоари и нивно осветлување, пробивање на нови булевари,  редовни линии за јавен транспорт. Ветија реновирање на училишта и спортски објекти и што ли уште не.

За две години за жал ниту еден капитален проект не е реализиран. Централната и локалната власт го свртеа грбот на Тетовчани.

Тетово е еден од најзагадените градови во светот, град во кој владее урбанистички хаос, со институции кои тонат во долгови и во кои владее непотизам и лошо менаџирање.

Јавно ја прашуваме градоначалничката и раководството на сдсм :

Во која фаза е гасификацијата на Тетово, изградбата на катната гаража во центарот на градот, изградба на регионалната депонија, пробивањето на булеварот ’’Благоја Тоска“ и ’’Видое Смилевски Бато“ до каде е реконструкцијата на улицата Гоце Делчев, слободните паркинг места и средувањето на сообраќајнот хаос, новите автобуси и изградбата на автобуските постојки?  Каде се ветените подземни контејнери, машини за метење и перење улици, нови спортски сали?

Зошто православните гробишта се руинираат, а капелата не се пушта во употреба.  До каде сте со решавање на проблемот со кучињата скитници, реконструкција на градскиот стадион, изградбата на отворениот базен.

Што се случи со ветувањето за поддршка на младите: изградба на модерно и урбано шеталиште крај улицата ’’Борис Кидрич“, отворање читална во склоп на градската библиотека?

За пензионерите ветивте реконструкција, модернизација и надградба на пензионерскиот дом во Тетово, отворањето на  пензионерските катчиња во две населби во градот?

Дали има вистина во објавите на некои медиуми за вмешаност на луѓе блиски до градоначалничката во аферата Рекет и неодговорното трошење на парите од европските фондови од страна на локалната самоуправа?.

Почитувани, неодговорниот пристап кон граѓаните мора да престане, локалната власт треба да биде сервис на граѓаните.

За жал Тетово од бизнис и индустриски центар станува град на сиромаштијата, нема развој на стопанството и странски инвестиции.   Само празни зборови, лажни ветувања, задолжувања во странство и безобразно трошење на народните пари.Како последица на лошата економска политика во Тетово има масовно иселување и заминување во странство.

Почитувани Тетовчани,  на недомаќинското работење му се ближи крајот. Тетово заслужува чесни и одговорни луѓе  кои сериозно ќе работат за интересите на градот и Република Македонија.

Доаѓа време на честити луѓе кои ќе бидат отчетни, секогаш со народот и подготвени да пооднесат одговорност за своите постапки

Почитувани Тетовчани не губете надеж, паднаа маските, доаѓаат подобри времиња. Не чека многу работа, за Обнова на Република Македонија, истакна Велјановски.

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Движењето против коцкање со перформанс укажа на последиците од игрите на среќа

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.