• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово: Во градот се живее со страв поради бездомните кучиња

06/12/2019
во Вести
вмро дпмне тетово
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово испрати соопштение до јавноста со реакција на состојбата со бездомните кучиња во градот.

-Во Тетово се почеста е глетката на глутници од кучињата скитници кои последниве денови сеат страв кај тетовци. Тие кучиња се причина за голем број напади и каснувања проследени со повреди.  Долго најавуваната изградба на современ стационар за кучиња скитници по сите европски стандарди и намалување на бројот на кучиња во Тетово е проект на сегашнава власт кој не е реализиран до крај. Уште едно ЌЕ ветување кое не е исполнето, а граѓаните не прифаќаат парцијални решенија. Имено изградба на стационар и планирање на годишен буџет кој е премал за нормално функционирање, не го решава проблемот со кучињата, туку напротив решавање на проблемот со кучиња скитници е кога истите ќе ги нема по тетовските улици. Долгонајавуваниот успешен стационар за кучиња скитници ги потроши парите. Потроши 600.000 денари, а неодамна беше лиферувана вест дека биле третирани само 84 кучиња или во просек за едно куче се потрошени 7.142 денари.

Се отвора дилема зошто толку скапо чини третирање на едно куче и втората дилема како е избран субјектот односно ветеринарната амбуланта која ги трета кучињата. Ние сме целосно убедени дека Општина Тетово ниту се грижи за здравјето на тетовци, ниту пак превзема дополнителни обврски кучињата скитници да ги тргне од тетовски улици. Позагрижувачки е фактот што секојдневно агресивните кучиња скитници може да се видат во центарот на градот, градскиот пазар и околните улици, а надлежните од Општина Тетово не реагираат во нивно одстранување, иако помпезно го најавија и овој проект.

Дополнително може да се забележи дека од ден на ден расте бројот на кучиња кои се причина за сомнеж дека дел од овие кучиња се носат и се пуштаат од соседни општини. Дали повторно затајуват со работа инспекциите при Општина Тетово?Оваа појава јасно укажува на фактот дека надлежните органи докрај не ги спроведуваат законите и свесно дозволуваат тетовци да се најдат во опасност. Со лошо проектираниот Буџет, Општина Тетово нема капацитет хумано да ги третира кучињата во стационарот а што е уште далеку поважно да го реши проблемот на тетовци.

Надлежните од Општина Тетово не се одговорни и не се свесни колкава може да биде штетата доколку овие кучиња скитници нападнат дете или некое повозрасно лице. Тетово во овој момент ниту има европски лик како што некои го најавуваа ниту пак ќе има додека кучињата скитници се хранат од преполните контејнери со животински остатоци и коски, а граѓаните не се чувствуваат безбедно и слободно, се наведува во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ

Тагови: ок вмро дпмнесоопштение

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава

„Патувачка изложба“ од проектот АРТ ФЕМ претставена денес во Музеј на тетовски крај

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.