• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово со реакција на прес конференцијата на ОО СДСМ Тетово

Во Република Македонија секој граѓанин заслужува пристоен живот, но со погубните економски политики кои ги спроведува СДСМ заедно со ДУИ, тешко дека тоа ќе се оствари. Иако на широка врата се пофаливте околу зголемувањето на минималната плата на 14.500 денари, останува фактот дека, таа плата нема да биде доволна за намирување на основните потреби на граѓаните.

23/11/2019
во Вести
вмро дпмне тетово
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово преку соопштение до јавноста реагира на ставовите на општинската оргнизација на СДСМ од Тетово истакнати на вчерашната прес конференција на тема зголемување на минималната плата.

-Во Република Македонија секој граѓанин заслужува пристоен живот, но со погубните економски политики кои ги спроведува СДСМ заедно со ДУИ, тешко дека тоа ќе се оствари. Иако на широка врата се пофаливте околу зголемувањето на минималната плата на 14.500 денари, останува фактот дека, таа плата нема да биде доволна за намирување на основните потреби на граѓаните.

Цените на сите производи се покачени, а инфлацијата им ги изеде тие пари уште пред да ги земат. Пример нафтата во 2016 беше 43 денари, а денес е 62 денари. Токму поради нискиот животен стандард и безидејноста особено на економски план, многуте неисполнети ветувања, тетовчани па и пошироко масовно се иселуваат. Лесно е да се зборува дека СДСМ ја покачил минималната плата на 14.500 денари во Република Македонија, а забораваш дека си ветил плата од 500 евра.

Лесно е да да се зборува за животен стандард на просечно семејство кое има двајца вработени и месечни примања од речиси 30.000 денари, а ти си неодамна вработена во УЈП за плата од 35.000 денари, а секако уште полесно е кога и твојата мајка е назначена како директор за плата од 50.000 денари. Лесно е да се зборува за минималец од 14.500 кој треба да нахрани едно семејство, а ти можеш толку да потрошиш на козметички услуги. Лесно е да се зборува за намалување на сиромаштијата во Република Македонија кога месечните приходи ти изнесуваат преку 100.000 денари.

Да, точно е дека секој граѓанин заслужува пристоен живот, но очигледно дека некои граѓани во Република Македонија имаат далеку повеќе пари за пристоен живот. Населението секојдневно го задолжувате со нови и нови кредитни линии од странство за преплатени набавки и сомнителни тендери. За Вас единствено е важно што повеќе пари да завршат кај вашите деца, деца на црвената буржазија. Причината за тоа е повеќе од јасна, знаете дека деновите ви се избројани и секојдневно осмислувате и реализирате планови како да си ги натоварите торбичките и секако да вработате уште некој партиски војник и да го оптоварите Буџетот на Република Македонија.

Таквото неодговорно и недомаќинско работење не е во интерес ниту на државата ниту пак на граѓаните и ќе доведе до рекордно задолжување во странство. Вештачкото покачување на платите преку испумпување на финансиски средства од Буџетот на Република Македонија само ќе доведе до зголемување на количината на пари во оптек и намалување на реалната вредност на стоките и услугите. Нереалната потрошувачка и инфлаторниот притисок само ќе доведат до појава на магичниот круг на покачување на цените. На очиглед на сите, концептот навистина ви е лош, како доказ ви е враќањето на рамниот данок поставен токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Тимот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го обнови пустошот кој го оставивте во овие речиси 3 години од ЌЕ владење во Република Македонија, се наведува во дописот од Прес Центар ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетовo.

Тагови: ок вмро дпмнереакција на прес конференцијаТетово

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Одгледување на кучиња шарпланинци-мерак и предизвик

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.