• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

ОО СДСМ Тетово : Граѓаните сега имаат достапни лекови во текот на целиот месец без никакво ограничување

Прес конференција одржа Дијана Војновска, член на извршниот одбор на ОО СДСМ Тетово.

09/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Прес конференција одржа Дијана Војновска, член на извршниот одбор на општинската организација на СДСМ Тетово.

-Со почетокот на месец октомври стартуваше мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт. Граѓаните сега имаат достапни лекови во текот на целиот месец без никакво ограничување.

Лековите кои се на позитивната листа на лекови од Фондот за Здравство може да се подигнат во секое време, секој ден од месецот. Повеќе нема потреба од складирање на лекови и правење “домашни аптеки”.

Стравот на граѓаните дека ќе останат без потребниот лек е минато. Го решивме деценискиот проблем со недостиг на лекови. Дополнително се обезбедени пет нови лекови за лица со ретки болести и три нови инсулини за пациентите со дијабетес, истакнаа Војновска.

Таа се осврна и на состојбите кај матичните лекари.

Од први октомври се зголеми и капитацијата за матичните лекари. Се покачија платите на здравствените работници,  и тоа за 15% на докторите специјалисти и 10% на медицинските сестри.

За прв пат, приватните специјализанти се платени за својот труд. СДСМ е одговорна партија која преку своите политики и конкретни мерки работи во насока на унапредување на здравствениот систем.

Урнисаното здравство кое го наследивме од 11 годишното владење на ВМРО ДПМНЕ,  за само 2 години успеавме да го рехабилитираме и да го изнесеме На Прав Пат, рече Војновска.

 

Тагови: лековиматичени лекарипрес конференцијасдсм

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава
вмро дпмне тетово

ОК ВМРО ДПМНЕ Тетовo со реакција на вчерашната прес конференција на СДСМ за здравствениот систем

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.