• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

ОО СДСМ Тетово: Претходната власт ништо не презеде за аерозагадувањето во Тетово

Слободан Зафировски, член на извршниот одбор на општинската организација на СДСМ Тетово одржа прес конфренција при што се осврна на аерозагадувањето. 

24/09/2019
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Слободан Зафировски, член на извршниот одбор на општинската организација на СДСМ Тетово одржа прес конфренција на која се освра на аерозагадувањето.

Скоро милијарда евра потроши претходната власт за гипс картони и лични фрустрации и соништа на нивниот почесен лидер, кој поради неговата чесност моментално се наоѓа во Будимпешта. Но ништо не превзеде за да спречи граѓаните да се гушат во сопствениот воздух. Само да потсетиме во Тетово во 2015 година беа измерени рекордно високите 553 микрограми  пи ем 10 честички.

После десетгодишното палење на  отпадот во Тетово, чии што отровни гасови ги дишеа,  молчеа и високите функционери од ОК ВМРО ДПМНЕ почнувајќи од Ружа Ѓорѓевска, па се до Горан Манојловски, кој за да иронијата биде поголема е и лекар. Со кое право ВМРО ДППМНЕ говори за загадувањето?

Веднаш по првата година од владеењето на СДСМ, државата покажа општествена одговорност, и да не заборавиме премиерот Зоран Заев директно учествуваше во решавањето на овој горлив и катастрофален проблем на Тетовчани. Чистиот воздух е една од главните компоненти кој за жал, историски гледано во последните децении бележи високи вредности.

За таа цел, Министерството за животна средина и просторно планирање и други релевантни институции, во изминативе години спроведоа бројни анализи и студии. Согласно студиите, Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз спроведува низа мерки за подобрување на квалитетот на животната средина.

Тетово како град со високо аерозагадување е опфатен во тие мерки. Согласно “Планот за чист воздух”на Владата, се спроведува мерка за намалување на аерозагадувањето преку набавка, поставување и инсталирање на филтри во малите и средни претпријатија од Полошкиот регион.

Уште една мерка која се превзема  во борбата со аерозагадувањето е и доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високоефикасни  ИНВЕРТЕР клими за граѓаните на општина Тетово.

За начинот на кој ќе се спроведе и имплементира оваа мерка, граѓаните ќе бидат дополнително и навремено информирани. Квалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани. Спроведуваме план за чист воздух за сите!

Тагови: прес конференцијасдсмТетово

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: Граѓаните да платат данок на имот за да нема присилна наплата

29/01/2023
Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава
вмро дпмне тетово

Реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на ОО СДСМ

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.