• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

ОО СДСМ Тетово : Секој граѓанин заслужува пристоен живот, затоа минималната плата од 9000 денари ја покачивме на досега највисоки 14 500 денари

Членот на извршниот одбор на СДСМ Тетово, Мелиса Ценовска ја одржа денешната прес конфреренција на тема зголемување на износот за минимална плата.

22/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Членот на извршниот одбор на СДСМ Тетово, Мелиса Ценовска ја одржа денешната прес конфреренција на тема зголемување на износот за минимална плата.

-Приоритет на Владата предводена од СДСМ е создавање на квалитетни работни места  Враќање на достоинството на работникот , наместо промовирање на евтина работна сила. Секој граѓанин заслужува пристоен живот, затоа минималната плата од 9000 денари ја покачивме на досега највисоки 14 500 денари. Тоа се 5 500 денари повеќе пари месечно, односно околу 60 000 денари на годишно ниво.

Успеавме и покрај блокадите и деструктивните процеси од страна  на ВМРО ДПМНЕ. Само да потсетиме дека пратениците од редовите на ВМРО ДПМНЕ не гласаа во собранието за покачувањето на минималната плата. Причината за тоа е повеќе од јасна. За нив единствено е важно што повеќе пари да завршат во белиот дворец.

Наспроти нив СДСМ е партија која одговорно и домаќински работи во интерес на граѓаните и државата. Покрај покачувањето на минималната плата , државата ќе ги субвенционира и придонесите од 600 до 6 000 денари за сите компании од приватниот сектор кои што ќе ги зголемат платите на работниците за оваа сума.

Од месец јануари следната година се зголемуваат и пензиите за дополнителни 900 денари пресметани со дополнителното усогласување на пензиите, што представува најголемо покачување во последните 20 години.

Концептот повеќе пари кај граѓаните е вистинскиот пат. Државата ја водиме на прав пат, исткна Мелиса Ценовска на прес конференцијата.

Тагови: оопрес конференцијасдсм

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Промовиран романот „Кафез за душата“ на тетовскиот писател Јован Дамјановски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.