• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово годинава не планира повеќе средства за справување со бездомни кучиња

27/07/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Општина Тетово нема повеќе пари за зголемување на можноста околу справувањето со бездомните кучиња, кои засега се третираат од ветеринарна ординација која три пати досега има добиено тендер.  За посеопфатно и системско работење преку соодветна служба или институција градоначалничката Теута Арифи не размислува да направи како општина туку во склоп на полошкиот плански регион.  Тетовчани веќе долг период се соочуваат со напади на бездомни кучиња, а се појавија и примери на труење на овие животни од страна на граѓани.

-Ние го функционализиравме и го реактивиравме процесот на тендерирање за да институцијата која го води тоа да биде сигурна дека ќе има исплата и можност за работа. Нормално е дека капацитетот на тој центар за градот Тетово е доволен но ако има други тенденции за интервенции и во другите помали општини, нормално така тие капацитети ќе бидат лимитирани. Ние сме заинтересирани да го зголемиме како капацитет но во текот на оваа година нема да сме во финансиска можност да го зголемиме. Но заедно со другите општини кои во целиот полошки плански регион, го имаме сите истиот проблем, сме се договориле да регионално ако може да пристапиме  за да добиеме некоја меѓународна донација за поголем регеионален центар за третирање на кучиња скитници затоа што тоа е проблем на целиот регион и како таков сакаме да го адресираме, изјави Теута Арифи.

Од мај 2019 година досега има објавено три тендери со цел за згрижување и третирање на кучињата скитници во општината. По добивање на последниот трет тендер по ред, ветеринарната ординација која ги спроведува активностите, сега втора недела работи на терен.

-Првите два тендери беа по 600 илјади денари, а сега третиот е на 1 милион денари. Ова е долгорочен процес, но сега има и повеќе средства па ќе има и повеќе резултати, изјави изјави Рами Селмани, ветеринар од ветеринарната ординација која го има тендерот за постапување со бездомни кучиња.

Тетовската полиција вчера во 11 часот бележи најнова пријава за напад од бездомно куче. Жителка на Брвеница на 41 година пријавила дека вчера била касната од куче скитник во Брвеница, најблиското село на јужната страна од Тетово.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Започна втора фаза за ревитализација на црквата Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!