• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово објави листа со 812 договори на дело склучени од поранешното раководство

08/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово на својата веб страница објави листа со 812 договори на дело за кои тврди дека се помеѓу физички лица и поранешната локална власт. Од таму велат дека ваквиот тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук.

-Општина Тетово,заложувајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува Списокот на сите договори на дело склучени со општина Тетово за 2021 година.Се работи за вкупно 812 договори на дело.  Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово, под раководство на структурите од претходната локална власт. На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор,ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известувањето за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави, инфомираат од Општина Тетово.

Минатата година Општината на билборди низ градот ја објави и сумата од 24 милиони евра кои ги должи општината.

ас 

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Општина Јегуновце исклучи диви приклучоци од столбовите за јавно осветлување

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.