• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Општина Тетово пушти во употреба нова улица во населба Дреновец

На новинарско прашање кога ќе се реализираат повеќето најави за реконструкција на улицата Гоце Делчев која е руинирана а поврзува голем број населби, Арифи повторно со најава дека ќе се работи.

30/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Новопроектираната улица во блок 4 или кај Старата Циглана во долниот дел од населбата „Дреновец“ во Тетово е завршена со изградба по една година од пробивањето. Градоначалничката Теута Арифи денес увиде на самото место како се извршени градежните работи на улицата која е поплочена.

-Тука сме да го означиме завршувaњето на работите завршени 350 метри со ширина со 6 метри, со тротоари, со јавно осветлување, фекална канализација 250 метри додека цела вредност е 9 милиони и 500 илјади денари. За овој дел сметаме дека сме завршиле голема работа во однос на вредноста која е тука, а правиме проекции и за други проблеми во оваа населба, рече Теута Арифи.

За оваа делница минатата година жителите на населбата одржаа протест пред општинската зграда, по што по петнаесетина дена започна да се пробива улицата.

-Ова е добро за населбата, сме биле постојано во кал. Треба да се продолжи патот и понатаму. Уште има проблеми,изјави Бајрам Кучи, од месната заедница на Дреновец.

Градоначалничката смета дека оваа улица во иднина ќе се поврзе со булеварот Благоја Тоска кај касарната

-Каде што завршува патот до касарната па продолжува до оваа линија, сакаме што повеќе алтернативи за да ги изместиме автомобилите од центарот на градот. Исто така пред потпишување на договор сме со Светска банка за Индустриски булевар и со агенција за државни патишта разговаравме за да го проектираме продолжувањето на тој пат што се вика Ратајски пат за да после тоа со некои државен буџет да може да се буџетира бидејќи има регионално значење не е само локален пат. Оваа година ќе работиме на проектирањето а се надевам дека ќе имаме среќа да мобилизираме средства за тоа, рече таа.

На новинарско прашање кога ќе се реализираат повеќето најави за реконструкција на улицата Гоце Делчев која е руинирана а поврзува голем број населби, Арифи повторно со најава дека ќе се работи.

-Имаше повик од Министерство за транспорт и врски, затоа што заедно со Владата добија средства од Светска банка, кредитна линија. Каде што беа побарани проекти, Општина Тетово  конкурираше со три проекти. Првиот од тие проекти е улицата Гоце Делчев со сите нишани, како што е ова тука и плус два локални правци. Проектити се комплетирани и немаат никаква мана и мислам дека ќе влеземе во буџетирањето и мислам дека и таму ќе имаме темелно решен проблем подземна и надземна инфраструктура, рече градоначалничката на Тетово.

Тагови: дреновецопштина Тетовоулица

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Погребувањето и наоѓањето гробно место предизвик за православните верници во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.