• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово испрати соопштение до јавноста за состојбите во образованието

Осум паралелки од Спортската Академија по фудбал од ССУЦ "Моша Пијаде", и покрај тоа што пред некое време за нивните потреби и потребите на другите ученици се изгради спортска сала, сега ќе се префрлат во старото медицинско училиште без спортска сала, се вели во дописот на ВМРО ДПМНЕ од Тетово.

05/09/2019
во Вести, Инфо компас
вмро дпмне тетово
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дали Академијата за фудбал во Тетово, ќе се преориентира во Академија за кајакарење ?

Почитувани, За жал, оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ, повторно учениците Македонци во Тетово ги третира во сопствената држава како граѓани од втор ред, како лица кои не заслужуваат да добијат едно нормално пристојно, достоинствено образование и основни услови за школување. Срамно, наместо да се решаваат проблемите, се создаваат нови ! Имено, учениците кои ја следат наставата на македонски наставен јазик во тетовската гимназија “Кирил Пејчиновиќ” и понатака се изложени на лошите услови за следење на настава во објектот на старото медицинско училиште, иако беа ветени нови простории во централната зграда на гимназијата “Кирил Пејчиновиќ”. Но, тоа како да беше малку, па сега се соочуваат и со нови проблеми. Втор проблем, со кој сега се соочија учениците од македонска настава е проблемот во средното медицинско училиште “Никола Штејн”, каде сите паралелки од македонска настава се префрлени во подрумските училници на ова училиште. Исто така, иако звучи саркастично, сепак е реалност!

Осум паралелки од Спортската Академија по фудбал од ССУЦ “Моша Пијаде”, и покрај тоа што пред некое време за нивните потреби и потребите на другите ученици се изгради спортска сала, сега ќе се префрлат во старото медицинско училиште без спортска сала, каде што нема ама баш никакви елементарни услови за работа и тренинг по фудбал. Единствена придобивка од сето ова е непосредната близина на училиштето до реката Пена. Па се прашуваме, дали можеби целта е Академијата за фудбал, наскоро да се преориентира во Академија за кајакарење, и градот под Шара да стане препознатлив по кајакарење низ бистрите води на Пена !!! Почитувани, СДСМ вети Живот за сите! Вети образование за сите!  Вети едно општество за сите! За жал, многу потфрли ! Оваа Рекетарска Влада или “Ќе” Влада” мора да замине во историјата !

Прес центар на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово

Тагови: образованиеок вмро дпмнесоопштение

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Самостојна изложба на фотографии „Тетово џез моменти“ на Глигор Кондовски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.