Во поширокиот тетовски регион денес се евидентирани 8 нови заболени од КОВИД-19, информираа претставници на Центарот за јавно здравје. Од вкупниот број 5 се во населени места во општина Тетово и по еден во општините Боговиње, Јегуновце, Теарце.
– Поголем број од новозаболените се поради тоа што имале контакт со веќе заболени и потврдени случаи. Поради постојаното зголемување на бројот на заболени Центарот за јавно здравје Тетово на состанок со претставници на Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести решија да се прават вонредни скрининзи, изјави Зорица Зафироска, специјализант по епидемиологија во Центарот за јавно здравје во Тетово.
Дополнителни испитувања за утврдување нови жаришта на болни лица ќе се прават во комуникација со матичните лекари.
– Во текот на неделата се испитија 190 вработени во детските градинки Младост-Тетово, градинката во Јегуновце и приватни градинки. Резултатите се очекуваат од денес натаму, истакна Зафироска.
А.С