• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Отворена изложбата „Бетон или парк“- децата порачаа дека сакаат парк и зеленило

08/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Изложбата „Бетон или парк“ беше свечено отворена вечерва во управната зграда на Музеј на тетовски крај-поранешен Дом на АРМ во Тетово. Претставени се фотографии и уметнички слики создадени на ликовната и фотографската работилница на Славчо Максимовски и Глигор Кондовски. Воедно изложбата е дел од серијата промотивни настани кои иницијативата „Тетово сака парк“ ќе ги прави во иднина со цел промоција на граѓанскиот предлог за формирање на нов единствен парк во градот.

-Претставени се фотографии и цртежи на повеќе учесници на ликовната работилница кои што покажуваат колку мртво, колку сиво, колку безживотно изгледа градот под бетон, а колку во детското око дава живот, дава прекрасно чувство на сигурност  – зеленилото кое што значи здрава животна средина, здравје за самиот млад човек. Мислам дека тоа доволно ќе покаже денес и во очите на нас повозрасните колку значи зеленилото и здравата животна средина за младиот човек, изјави Даријан Сотировски од иницијативата.

Седум години ликовната група на Максимовски и Кондовски ги учи децата и ученици на фотографии и сликање, со разни мотиви, а годинава е дадена поддршка на иницијативата „Тетово сака парк“.

-Додека ги гледавме сите фотографии гледаме дека Тетово бил почист и позелен град. Сега Тетово е бетонизиран град и имаме борба на бетонот против зеленилото. Сите деца имаа можност да направат дела како сега изгледа Тетово и како би сакале тие како деца да изгледа градот. Така може да забележите колку тие порачаа е потребно да го има зеленилото, изјави Славчо Максимовски.

Прикажани беа и фотографии на местата каде е посочено од граѓанскиот предлог дека може да има парк.

-Имаме фотографии кои го покажуваат просторот предложен за новиот градски парк кој е во лоша запуштена состојба кој се наоѓа во доминантна државна сопственост од 87 проценти и на кој ние како предлагачи сметаме дека е идеално место каде може да се формира првиот градски парк со најмалку проблеми кои административни како треба да се решаваат, истакна Сотировски.

Тој посочи дека има нагорна линија на и расте поддршка од се повеќе граѓани како и помали политички партии кои не се застапени во Советот.

ас

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава

Приведен 19 годишник за напад на малолетник, други двајца за агресија кон полицаец

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.