• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Отворена нова детска градинка во тетовско Камењане

21/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Населеното место Камењане при Општина Боговиње од денес има нова градинка во која може да се сместат 87 деца.  Градинката ќе функционира во целосно реконструиран објект на поранешното училиште, а средствата во висина од 16 милиони денари се грант на Министерсвото за труд и социјална политика.

-Градинката е именувана „Јета“/„Живот“, што е многу симболично име за сместување на деца од предучилишна возраст. Тоа значи влез на нашите најмлади- децата во процесот на воспитување и образование нешто што претставува предуслов за подготовка понатаму во образовниот процес за изградба на млади и квалитетни личности кои ќе се соочат со предизвиците на животот и секако ќе го градат нашето општество. Важноста на предучилишното образование ја истакнуваат сите стручи лица но и ние како родители и носители на политички одлуки сме свесни дека квалитетното предучилишно образование ссо подготвени професионалци како воспитувачи така и негуватели користејќи ги најновите сознанија од науката се најдобар начин најмладите да се подготват во воспитно образовниот процес, рече Јагода Шахпаска.

Предвидена е поделба по пет возрасни од 0 до шест години, а веќе е подготвен и персоналот кој ќе работи во оваа градинка.

-Значаен ден за нас за сите во општината бидејќи со оваа градинка може да ги донесат тука децата од населените места во општината. За прв пат имаме градинка наша бидејќи функционираше само градинка во рамки на установата Младост од Тетово. Сега имаме добри услови да се носат тука децата, битно е што животот почнува тука,  за прв ќе се адаптираат на новиот живот за нив. Секој народ кој сака да оди напред мора да инвестира кај децата, истакна градоначалникот на Општина Боговиње, Албон Џемаили.

Министерката Јагода Шахпаска рече дека ова е осма градинка која се отвора од 30 август 2020 досега.

-Опфатени се со новите градинки 752 деца во предучилишно образование, а 1900 дополнителни места ќе има за деца да се згрижат во новите објекти што се планираат да се отворат на ниво на државата, рече министерката.

Таа потсети на заложбата на владата до крај на мандат 60 проценти од сите деца на предучилишна возраст да бидат опфатени со згрижување во вакви установи.

А.С

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Министерството за труд и социјала анализира како со петтиот пакет ковид-мерки да бидат опфатени и лицата со попреченост

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.