Здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“ годинава го организираат четвртиот по ред меѓународен натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед“ (Tetovo Honey awards), а од денес сите сите заинтересирани пчелари од денес може да се пријават за учество. Заинтересираните може да испраќаат примероци од своите медови до 15 август.


-Оценувањето на пристигнатите примероци започнува на 3 и 4 септември кога ќе се праваи органолептичка оценка на медот. Потоа до крајот на месецот ќе се изврши и изврши лабораториска анализа, додека на 1-ви и 2-ри октомври и е планирана е манифестацијата за доделување на наградите наречена „Слатки денови во Тетово“, информира Владимир Петровски од организацијата на натпреварот.
Заинтересираните треба да се регистрирани како пчелари, да имаат регистерски број (РБО)од Министерството за земјоделство и да испратат примероци односно по две тегли од по 500 грама. За партиципација се плаќа 20 евра. При достава треба да се напише видот на медот. Натпреварот ќе се спроведе во три категории – мед и мед во саќе, пчелни производи и трета категорија е дизајн на амбалажа за пакување на мед.
ас