Во рамките на засилените сообраќајно-контролни активности кои и овој месец континуирано се спроведуваат на поширокото тетовско подрачје, вчера (10 февруари) реализирана е локална акција во чие средиште биле возилата со затемнети стакла, односно со фолии.
Притоа, откриени се 73 возила со фолии, од кои на 67 возачите сами ги отстраниле, додека 6 не го сториле тоа и законски се санкционирани.
Во контролата, исто така, биле откриени и 3 возила со истечена регистрација, 2 возачи без возачка дозвола, 1 кој зборувал на телефон додека возел и други прекршоци. На возачите-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, зависно од видот и карактерот на констатираните прекршоци, информира денес СВР Тетово.
А.С