• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Оштетен инструмент на реката Вардар за предупредување од поплави

Извесен период во Управата забележувале дека до нивниот систем не стигнуваат податоци од таа станица, по што направиле увид и констатирале дека апартатот не работи поради оштетување.

06/10/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вработените од Управата за хидро метеролошки работи (УХМР) во тетовската полиција пријавиле оштетување на инструмент-хидролошката станица на реката Вардар во Сараќино дел проект за рана најава и предупредување од поплави во горниот дел од сливот на реката.

Извесен период во Управата забележувале дека до нивниот систем не стигнуваат податоци од таа станица, по што направиле увид и констатирале дека апартатот не работи поради оштетување. Од таму апелираат да не се оштетуваат ваквите инструменти кои се од особено значење и важност за рано откривање и предупредување од поплави.

-За жал често се случува хидролошките станици да бидате мета на вандали и да бидат оштетувани или уништувани како што е случајот со хидролошката станица во Сараќино. На сликите се гледа дека станицата е оштетена од вандали со тоа е спречено нејзиното нормално функционирање. Од друга страна многу се важни ваквите видови на апарати за предупредвање од поплави за целото население. Овој инструмент е нaбавен со донација на УНДП. Буџетот на секторот за хидрологија за одржување е лимитиран и не сме во можност ваквите оштетувања самостојно да ги надоместиме, изјави Васко Стојов, раководител на одделние за хидрологија на површински води.

Во рамки на истиот проект поставени се и други станици во тој слив односно хидролошките станица Балин Дол, Јегуновце, Радиовце, Тетово, Теарце, Лакавица, Неготино, Боговиње и Орќуше, исто така донација од УНДП.

Тетовската полиција соопшти дека по пријавата, оштетувањето е фотодокументирано и се работи на откривање на сторителите.

А.С

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Шестмина приведени, од кои двајца за агресивност кон полицајци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!