• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Пандемијата затвори бизниси во Тетово, градоначалничката се надева на помош од новата Влада

27/07/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пандемијата со Ковид-19  е причина за затворање на бизниси поврзани со услуги во Тетово, оцени градоначалничката Теута Арифи. Таа се надева дека ситуацијата ќе се промени кога ќе се формира новата Влада со воведување на мерки за помош на стопанството.

-Последиците од пандемијата во економијата во градот се огромни. Фактичка состојба ја покажуваат сите бројки. Тетово е град на средни и мали бизнис, додека поголемите имаат другите структури на постоење и не се поврзани со услугите додека помалите бизниси се поврзани со услугите за кои во моментот нема побарувачка.Ги немаме нашите сограѓани од странство за да побараат тие услуги. Очекуваме дека еден од приоритетите на новата Влада ќе биде справување со економските последици на оваа криза која не е завршена, која се очекува да продолжи и во текот на годината. Се надевам дека заеднички ќе најдеме краткорочни и долгорочни мерки за да може економијата да не биде најголема жртва поради пандемијата, изјави Теута Арифи по денешниот состанок на Кризниот штаб.

На новинарско прашање дали и како ќе се постапува по примерите на луѓе кои прават свадби во дворови таа побара граѓаните да бидат претпазливи.

-Инспекциите на централно и локално ниво претежно следат правни субјекти, кои треба да се придржуваат до протоколите и да не дозволуваат присуство на повеќе од 50 лица и со одржување на дистанца. Ние апсолутно ќе продолжиме со контрола на правните субјекти кои имаат обврски да се прдржуваат до протоколите. Сакам да апелирам до сите што имаат семејни собирање да бидат претпазливи, да се одржи принципот на достанца и да за се запази здравјето на сите. МВР има можност да следи нарушување на јавен ред и мир. Доколку има пријави од таков тип тие ќе интервенираат. Во текот на викендот немало такви примери, рече Теута Арифи.

Кризниот штаб при општина Тетово денес бележи 6 нови лица кои се заболени од Ковид 19 додека излечени има 11 луѓе. Според податоците кои ги соопшти тетовската градоначалничка Теута Арифи сега веќе дијагностицирани лица во тетовското подрајче има 998, излечени 649, додека 71 починале со што активни случаи во шестте општини има 278

-Бележиме тендеција на опаѓање во однос на ново дијагностицирани. Подолг период не сме имале двоцифрен број на заболени. Информациите велат дека во болница имаме 13 лица кои се третираат но сите тие се со стабилна состојба и лесна клиничка слика. Сметам дека и граѓаните придонесуваат за намалување на бројките со почитување на мерките, истакна Теута Арифи.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Општина Тетово годинава не планира повеќе средства за справување со бездомни кучиња

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!