• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Пациентите со механичка поддршка на срце се уште очекуваат ослободување од партиципација за здравствени услуги

01/04/2022
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пациентите со механичка поддршка на срце не добија ослободување од партиципација за здравствени услуги и покрај уверувањето кое го добиле  од властите дека тоа ќе се случи од 01.01.2022 година.  Среде пандемија, економска и енергетска криза, овие пациенти се изложени на  огромни трошоци секој месец за лекови и редовни прегледи.

Проблем е во тоа што ни беше ветено дека од 1.1.2022 година ние сме вметнати во програма и ќе почне да се практикува тоа, но не е исполнето. Последно барање е испратено пред неколку месеци на кое што тогашниот премиер на државата и тогашниот Министер за здравство ни ветија исто дека од 1.1 не е никаков проблем ќе отпочнеме со уживање на тоа добро, но ништо не се случи од тоа. Сега се обидуваме да стапиме во контакт со актуелниот премиер не можеме, а ни со актуелниот министер недостижни се за нас, но ние стоиме на барањето дека ни е одобрено од Премиерот и од Министерот на нашата држава, вели претседателот на националното здружение „Храбро срце“ , Васко Јолески

Месечно овие пациенти трошат најмалку 12000 денари за редовните преврски, и дополнително за терапија која чини минимум 9.000 денари. Ослободувањето од партиципација нема да удри по државниот буџет со оглед на тоа дека станува збор за 18 пациенти, но за нив ќе доведе до можност за поредовно правење на комплетните прегледи кои се и тоа како неопходни.

Кога би било со партиципација би било помалку и добро е да не ослободат што побрзо од партиципација за да може да ги уживаме оние прегледи кои што се компјутерска томографија што е и до 800 евра, а во државно би била за нас бесплатно, додава Јолески.

Додека пациентите  кои живеаат со механичка поддршка чекаат можност да добијат срце наместо електрична пупма се надеваат дека конечно ќе завршат апсудрните одлагања за исполнување на ветувањата кои државата им ги дала.

За прв пат трансплантација на срце во државава беше изведена на 23 мај 2020 година на државната кардиохирургија во Скопје. До сега изведени се шест трансплантации.

Министерството за здравство информира дека стручните служби правеле анализи, па ќе одговореле на барањата.

-Стручните служби на Министерството ги разгледуваат сите аспекти кои произлегуваат од барањата на Здружението Храбро срце, со цел соодветно да се одговори на барањата во зависност од извршените стручни проценки и анализи – информираат од МЗ.

Пациентите со механичка потпора, живеат со пумпа, која му помага на срцето да испумпа доволно крв за да можат да преживеат до оној момент додека се најде трајно решение. И додека се во исчекување на трансплантација, која сериозно ќе им го подобри и олесни животот, бараат власта барем да ги исполни дадените ветувања.

Кон крајот на 2021 година, Здружението „Храбро срце“ побара ослободување од партиципација за нивните потребни прегледи и лекови, а тогашниот премиер Зоран Заев, и министер за здравство Венко Филипче, дека на први јануари ќе почне да се спроведува програмата. Три месеци подоцна, на терен работите се поинакви – власта не може да изнајде решение за ослободување од партиципација на само 18 пациенти.

Алфа ТВ 

 

Поврзани објави

Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Следна објава

Tетовската библиотека распиша литературен конкурс за најдобри поетски творби за ученици од основните училишта

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.