• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Пет лица приведени откако кај нив е најдена дрога

05/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција информира дека во три случаи ноќеска од 22 часот до 2 часот се приведени пет  лица кај кои е најдена дрога. На улица „Љуботенска“ во Тетово околу 22 часот лишен од слобода е 41-годишник од Тетово затоа што кај него бил пронајден кокаин. Половина час подоцна на улица „29 Ноември“ во Тетово, 26-годишната жена од градот  е приведена затоа што  и бил пронајден кокаин.

-Ноќеска (5 јули) околу 2 часот и 10 минути, на локален пат во тетовско Теарце, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ј.А.(24) и В.А.(20) од тетовско Пршовце и Д.С.(21) од кумановско Слупчане, кои десетина минути пред тоа на регионалниот пат Џепчиште-Пршовце не застанале со нивното возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое тројцата се превезувале и се обиделе да удрат еден од полициските службеници, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според информацијата на СВР Тетово при преглед на возилото им биле пронајдени хашиш, марихуана и спреј-солзавец. Трите лица се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе се соочат со соодветни поднесоци.

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

44 годишен тетовчанец пријавил дека бил каснат од бездомно куче

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.