• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Планинарите алармираат дека попусто ќе се прогласи Шара за национален парк ако продолжи интензивната сеча на дрвата и шумата

Складирани стотици кубни метри дрва, исечени стебла, уништени шумски предели за да се пробијат диви патишта. Фотографии со ваква содржина се објавија од страна на планинари на социјалните мрежи, како реакција на изјавите на политичарите дека има потреба да се прогласи Шар Планина за национален парк.

23/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Складирани стотици кубни метри дрва, исечени стебла, уништени шумски предели за да се пробијат диви патишта. Фотографии со ваква содржина се објавија од страна на планинари на социјалните мрежи, како реакција на изјавите на политичарите дека има потреба да се прогласи Шар Планина за национален парк. Планинарите алармираат и реагираат дека ако треба да се спаси природата тоа треба што поскоро да се направи и да се спречат ваквите слики.

-Пред неполн месец го искачив Доброшки врв,немаше ниту една камара со дрва. За тоа време исечено е како што може да се види од сликите (секоја слика е засебна и не е дуплирана) направено е пустош, велат  планинарите.

-Поминува тешката механизација, се сечат сите дрва, се уништува монструозно се тоа што требало да биде заштитено подрачје, за да се произведе 1kW и да може комотно да поминат 500 овци, вели планинарот Јовица Рафајловски кој снимил уништен предел кон врвот Бориславец.

Во саботата министери, градоначалници и амбсадори прошетаа низ Шар Планина во рамки на кампањата за потребата да се прогласи национален парк.

-Работите привршуваат и во наредните месеци очекуваме прогласувањето да се реализира. Таа динамика коинцидира со процесот на започнување на преговори со што даваме две пораки дека политички созреавме да станеме дел од Унијата и се доближуваме на европските стандарди за заштитено подрачје, изјави во саботата вицепремиерот Бујар Османи.

Македонија има 9 отсто заштитена зона низ државата, а со прогласување на Шар Планина за национален парк би се зголемило на 12 проценти.

 

Тагови: диви патиштазаштита природаисечени дрванационалне паркстеблашара

Поврзани објави

Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Вести

Премиера „Момчето со пругасти пижами“ на Драмското студио „Летечка театарска трупа“ – Тетово

25/09/2023
Следна објава

Загадената планета тематика на американски филм во чија продукција учествува и тетовецот Игор Томески

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!