• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Планинарски марш и протест „Спаси ја Лешница“

Планинарски марш и протест под називот „Спаси ја Лешница“ се одржи вчера до месноста Лешница на Шар Планина организирана од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“. Над 200 учесници упатија порака дека треба да се прекине сечата на шумата и дрвјата и да се стопира изградба на хидроцентрали на Шар Планина, особено во подрачјето на Лешница.

21/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарски марш и протест под називот „Спаси ја Лешница“ се одржи вчера до месноста Лешница на Шар Планина организирана од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“. Над 200 учесници упатија порака дека треба да се прекине сечата на шумата и дрвјата и да се стопира изградба на хидроцентрали на Шар Планина, особено во подрачјето на Лешница.

-Бараме од сите институции итно да ги прекинат сите незаконски работи во делот на хидроцентралите. Тие хидроцентрали немаат се уште комплетна техничка документација. Сечењето на дрвјата и отворањето на новите траси е големо, се се уништува. Денеска праќаме порака до сите и гледаме што се случува горе. Оваа болест ја опфатила целата територија на Шара во Косово, Македонија, Албанија. Треба да има детална анализа и да се прекинат сите интервенции”-изјави Хамди Сулејмани, иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Планинарското движење започна од селото Бозовце со времетраење од 3 часа преку патека која  води до месноста Лешница, инаку на надморска височина од 1450метри.  До Лешница се стигнува и од Попова Шапка, а ја одликува високи карпи, тревнати предели и густа зимзелена и букова шума, како и  богата ендемична флора и фауна.  Постои и Лешничка Река, која е десна притока на тетовската река Пена.

 

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Засадени 150 дрвца долж „Милениумската патека“ на Сува Гора

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.