• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Повеќемина повредени во три сообраќајки во Тетовско

06/08/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција бележи две сообраќајки со повредени лица, а во третиот случај е евидентирана пријава за намерен судир на возила по претходен инцидент.

-На булеварот „Маршал Тито“, кај Центарот за култура вчера околу 21 часот возило удрило во жени на 62 и 67 години-пешаци, по што едната од нив била повредена. Патничко возило „опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.З.(53) од Тетово удрило во пешаците Е.А.(67) и Ф.М.(62), и двете од Тетово. По незгодата, на повреди се пожалила Е.А., која била пренесена во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, соопшти СВР Тетово.

Претходно во текот на денот на ул.„171“  во Голема Речица имало сообраќајка на непознато возило, кое после ударот го напуштило местото на незгодата и мотоцикл „филјанг“, со тетовски регистарски ознаки,  управувано од Б.А.(46) од Тетово, каде сопатник бил  12-годишник од с.Пирок.

-По незгодата, мотоциклистот и сопатникот биле пренесени во Клиничка Болница Тетово за укажување на лекарска помош, инфомираат од СВР Тетово.

Во полицијата има и две пријави од две групи лица за ист инцидент.

-Во 1.40 часот во Полициска станица Тетово А.М.(24) и Л.С., и двајцата од тетовското село Челопек, пријавиле дека околу 23.30 часот, додека се движеле со нивното возило „голф 6“ со тетовски регистарски ознаки по регионалниот пат Тетово-Јажинце, биле намерно удрени од Б.И. од Порој со возило ,,пасат“, со тетовски регистерски ознаки во кое има уште едно лице од исто место. Претходно околу 00.15 часот Б.И. од с.Порој пријавил дека во непосредна близина на бензинска пумпа во селото бил физички нападнат од лицето А.М. и уште две непознати лица. По насоки од Јавен обвинител се преземаат сите мерки и активности за целосно расчистување на случајот, при што ќе следи и соодветен поднесок, се вели во извесувањето од СВР Тетово.

А.С

 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Го зел возилото на заем па го препродал, пријава во полиција за 50 годишник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!