Во СВР Тетово вчера околу 16.15 часот било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген лупо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 54-годишна жителка на Тетово удрило во 45-годишната А.Ф.(пешак) од тетовска Гургурница.
-Притоа, со тешки телесни повреди се здобила А.Ф. констатирани во тетовската Клиничка Болница. Увид на местото извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.