• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Повторно илјадници тони смет на едно место кај претоварната станица близу Фалише

Претоварната станица на тетовско комуналното претријатие која од август 2019 е во близина на Фалише се уште работи без системот за компресија, па илјадници тони смет веќе се собрани и оставени на земја.

15/02/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претоварната станица на тетовско комуналното претријатие која од август 2019 е во близина на Фалише се уште работи без системот за компресија, па илјадници тони смет веќе се собрани и оставени на земја. Претходно станицата која беше на патот на кај Требош за да не се остава смет на земја се користеше систем за компресија, воедно и со цел поголема количина смет да биде однесена во депонијата Дрисла.

На новинарските прашања зошто не се поставува системот за компресија, тетовската градоначалничка Теута Арифи не дава одговор и најавува како тоа во иднина би се правело во рамки на заедничкото управување на полошките општини со депонијата Русино. Предвидени се нови места за трансфер на сметот.

-Ние во рамки на швајцарскиот проект за депонијата Русино и студијата предвидува уште две трансфер станици. Една ќе биде во Тетово а другата во некоја друга општина која ќе се одлучи. Се чекаат на уште некои работи во однос на финансирањето,зошто сметаме дека имаме уште еден друг извор на финансирање, вели Арифи.

Складирањето на сметот на претоварна станица додека не биде однесен на депонија е редовна практика на комуналното претријатие. До 2010 година тоа се праваше кај железничката станица, а потоа и на самиот влез на градот каде се создаваа депонии со илјадници тони смет. Таму беше до 2017, а две години на патот кон селото Требош, долж автопатот Тетово-Скопје. Локацијата кај Фалише е околу 3000 метри квадратни, а се наоѓа среде обработливи земјоделски површини.

Според досегашните сознанија на ЈКП Тетово во зимските месеци дневно се собира од 150 до 170 метри кубни смет на ден, а понатаму во текот на годината бројката расте.

А.С

Тагови: претоварна станицасмет

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава

Додека имало претрес се обидел да ја проголта дрогата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.