• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Поголем мерак за фиќо отколку за нов автомобил

Стара и обновена кола поголем мерак од нов автомобил. Ова е мотото на 60 годишниот Мурат Садики од Тетово кој меѓу ретките низ градот вози Застава 750-популарно наречено Фиќо од 1981 година. 

23/05/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Стара и обновена кола поголем мерак од нов автомобил. Ова е мотото на 60 годишниот Мурат Садики од Тетово кој меѓу ретките низ градот вози Застава 750-популарно наречено Фиќо од 1981 година.

Иако речиси 40 години е стар автомобилот изгледа одлично откако Мурат потрошил значителна сума пари и време да го поправи изгледот и моторот.

-Јас цел живот возам стари коли олдтајмери. Порано имав фолксваген буба која сега ја има синот. Имам голем мерак да најдам стара кола и да ја обновам.  Секако меркот се плаќа. Пошто е стара, колата има потреба од многу одржување што значи и големи трошоци, но јас уживам во тоа. Можеби со тие пари може да се купи и нова кола, но мене ми е задоволство да ја поправам и потоа да ја возам, раскажува Мурат Садики.

 

 

Сегашното Фиќо го има веќе три години. Освен со одличен изглед може да се забележи и дека има беспрекорна возна состојба.

-Негде во 2017 година го купив од човек во Кочани. Работев неколку месеци на поправка. Направив целосен ремонт на моторот, ставив нови кожни седишта, ја средив таблата, менувачот и слични потребни. Беше во црвена боја, ама исто го префарбав со нова боја. Ако верувате уживам и само додека го гледам фиќото, вели Мурат.

Секое изглегување од фиќото за Мурат значи нов разговор со нови луѓе кои се заинтересирани да дознаат како успеал да го „дотера“ и така да биде вистинска атракција низ Тетово.

А. С

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава
дараком

Продавниците на Дараком со богат избор на материјали за изработка на фасади

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!