• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Подготовки за одбележување на Бадник на различен начин поради пандемијата

22/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Поради пандемијата со коронавирусот годинава наместо Бадниковата поворка на деца се организира поинаков начин на одбележување на овој православен празник. Подготовките се веќе започнати од страна на организаторите навивачката група Војводи и тетовското свештенство при МПЦ.

-Навивачката група „Војводи“ – Тетово во соработка со Тетовско Гостиварска Епархија одлучивме да поставиме две пештери во градот Тетово во кои ќе биде изобразено Рождеството Христово. Почнувајќи од утре (23.12.2020), тие ќе бидат поставени на јавни места, по различни населби. Дечињата ќе можат да се поклонат на нив, но замолуваме да нема групирање за да ги испочитуваме мерките против корона вирусот. Дечињата во нив да оставаат креативни честитки, со молитва кон Новородениот Витлеемски Богомладенец Господ Исус Христос, за скора победа на коронавирусот и молитва за медицинските лица кои се борат против него, како и за тешко болните од него. Оваа манифестација, оваа година ќе биде замена за Бадниковата поворка која годинава поради ситуацијата нема да се одржи. Го молиме Христа, Синот Божји, да не удостои оваа година во мир да го прославиме Божик, со желби вирусот да биде победен, информираа вечерва од навивачката група.

Изминатите неколку години по неколку стотини деца учествуваа на Бадниковата литија и пеењето на песната „Вечниот Бог“. Бадникарски литии се организираа во Тетово и неколку други населени места.

А.С

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Проектната документација платена од жителите на Луковица доставена до Општина Желино

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!