Во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа-Тетово се уште има голем број СИМ картички за добивање интернет за следење на онлајн наставата за семејствата кои се корисници на социјалните услуги. Во тетовскиот центар од пристигнати 2600 СИМ картички, а подигнати се над 20 отсто.
-Граѓаните кои се корисници на загарантирана мнимална помош (социјална помош) или родителски додаток може да дојдат со лична карта да ги провери во систем дали се корисници и да подигнат СИМ картичка за да имаат интернет за следење на за онлајн настава на нивните деца. Доколку ограниченото движење поради поради јавниот превоз и другите мерки претставува проблем за граѓаните, СИМ картички освен во објектот во Тетово може да се подигнат и во општинските канцеларии во Јегуновце, Желино, Боговиње (објект во Камењане) и Брвеница. Во тетовскиот центар работаат 4 шалтери со азбучен ред со цел да нема чекање и создавање на метеж од луѓе, информира Дарко Обадиќ, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа-Тетово.
СИМ картичките се доделуваат на име на едно домаќинство. Оваа можност за добивање интернет за семејствата кои не можат да обезбедат ваква мрежа е обезбедена од Министерствата за труд и социјална политика и Информатичко општество и администрација со телекомуникациската компанија Македонски телеком.
А.С