Без повредени помина пожарот во возило што се случи ноќеска во центарот на Тетово. Огнот е изгаснат од тетовските пожарникари.
-Околу 22 часот и 50 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со странски регистарски ознаки, што го управувал 25-годишниот А.О од тетовско Желино. Нема повредени, а со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица за кусо време бил изгаснат, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
По пожарот, увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
А.С