• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Полицијата приведе вработен од „Градски паркинг“, претријатието смета дека тоа е неосновано направено

31/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција информираше дека претпладнево е приведен вработен во Јавно претријатие „Градски паркинг“ обраложувајќи дека тоа е направено поради расправање и омаловажување на полицаец. Од „Градски паркинг“ реагираат и тврдат дека приведувањето е направено неосновано, за што ќе поднесат соодветна претставка.

-Денеска (31 јануари) во 10 часот и 20 минути Г.Н.(40) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на необележано место од ЈП „Паркинзи“ во Тетово го паркирал неговото возило и дека од ова претпријатие, според него, незаконски му поставиле блокатор на тркалото.Веднаш е постапено по пријавената поплака и испратени се полициски службеници на посоченото место, на кое во меѓувреме пристигнал и претставникот од Јавното претпријатие „Паркинзи“  З.П.(39), исто така, од Тетово, кој најпрво вербално се расправал, а потоа ги навредувал и омаловажувал при преземање на службени дејствија. З.П. околу 11 часот и 20 минути приведен е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

ЈП Градски паркинг Тетово испрати соопштение до медиумите во кое вели дека остро реагира на денешното приведување на нивен вработен во претпријатието од страна на полициски службеници.

-Вработениот, бил приведен со образложение дека омаловажувал полицаец, и задржан во притвор повеќе од четири часа. Имено, претпладнето, сопственик на возило се пожалил дека истото му е блокирано, а за паркингот воопшто не извршил плаќање. Повикал полиција, па откако дошле двајца службеници, вработениот на паркинг му објаснил на едниот од нив за што се работи, на што полицаецот изреагирал дека не си ја вршат работата како што треба и настанала вербална расправија.. ЈП Градски паркинг продолжува професионално да си ја извршува својата работа, за подобар сообраќаен проток, поголем ред, а со тоа и безбедност на граѓаните, се вели во нивното соопштение.

Воедно од претријатиете истакнаа дека ќе поднесат представка до Секторот за внатрешна контрола и професионални услуги при МВР, за неосновано и предолго задржување во притвор на нивниот вработен и ќе бара правично расветлување на случајот.

ас 

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Тетовчанката Гордана Димитриеска Кочоска нова потпретседателка на ВМРО ДПМНЕ

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.