• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Полицијата со флаери ќе ги потсетува и едуцира возачите на правилно паркирање

15/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Превентивно-едукативно информативен проект„Паркирај прописно-овозможи нормален сообраќај“ заеднички од денес започнаа СВР Тетово, Општина Тетово и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Во рамките на овој нов проект кој ќе трае еден месец предвидени се повеќе разновидни содржини чија цел е да се да воспостави поголем ред со паркирањето пред се во централните подрачја на Тетово преку подигнување на нивото на сообраќајна свест и култура на сопствениците на моторни возила односно возачите.


-Во рамки на проектот предвидени се повеќе содржини или поконкретно ќе бидат поделени 500 флаери наменски изработени на македонски и албански јазик со пораки до возачите како прописно да ги паркираат нивните возила и да не се соочат со законски предвидени санкции. Покрај ова во текот на проектот еднаш неделно ќе бидат организирани ткн. сообраќајни поуки со прекршители за кои ќе има и писмени предупредувања доколку станува збор за поситни прекршоци, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

 

Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово

Покрај овие превентивни активности исто така во овој период ќе продолжат и ткн. репресивни мерки кои се преземаат континуирано во текот од минатиот, овој и нареднот месец.


-Ова до толку повеќе што во Тетово и Гостивар е значително зголемен бројот на моторни возила а со самото тоа и сообраќајната фреквенција во градските улици и на автопатот Гостивар-Тетово Скопје и магистралата Гостива Кичево. Посебни под лупа на полициските служебеници ќе се најдат сите оние кои ги паркираат возилата во ткн. двојни редови, во зона на крстосници, во зеленило и на други недозволени места, рече Јосифоски.

Тој повторно апелираше до сопствениците на моторни возила да ги паркираат прописно, а не каде ќе стигнат затоа што во спротивно ќе бидат санкционирани со изготвување на соодветени поднесоци и со парични глоби кои во зависност од тоа кога каде и како се паркирани возилата од изнесуваат 45 до 180 евра во денарска противвредност.

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Во сообраќајка во тетовско Слатино загина 19 годишник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.