• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Полошките општини бараат нова локација за стационар за кучиња во рамки на регионалното справување во проблемот

30/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Справувањето со кучиња скитници за што решение заеднички бараат сите полошки општини наиде на потешкотија.  Проблемот е во немаањето на соодветна локација.  Првично место за тоа беше место во Општина Брвеница, но градоначалникот вели дека Министерството за земјоделие во мандатот на неговиот преходник локацијата ја има издадено на концесионер.

-Општина Брвеница во принцип не е против изградба на стационар на подрачјето на наша општина. Ние се судруваме со друг проблем. Претходниот градоначалник само посочил локација. Од почетокот на мојот мандат никаква документација немаше изработено за стационарот во нашата општина. Почнавме процедура каде требаше да биде локацијата помеѓу Стенче и Теново во консулатација со нив, но едногласно ја одбија локацијата. Не е доволно оддалечена од населените места во тоа подрачје. Советот, исто така едногласно ја одби понудата за локацијата. Во меѓувреме Министерството за земјоделие истото земјиште кое е земјоделско земјиште го има издадено на 15 години под закуп на приватно лице. Друга соодветна локација немаме. Немаме ништо против би донела инвестиција и вработување, изјави градоначалникот Јовица Илиевски.

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами кој воедно е претседател на Советот на полошките општини најави разгледување на други опции за локација. Од друга страна вели дека за Тетово има идејата независно со регионалниот центар.

– Веќе имаме првичен усмен договор со здруженето Амос со кое сега ги разгледуваме формално правните можности за склучување на договорот, дали ќе одиме со јавна процедура за склучување на тендер или ќе имаме некоја можност поради тоа што е здружение за згрижување на кучиња скитници, за тоа да биде во друга форма. Кога ќе се завршат тие формално правни можности ние ќе одиме брзо со решение кое ќе биде во интерес на сите граѓани. Здружението има излезено на терен го има мапирано теренот, горе-долу знаеме колку и каде се тие кучиња кои се опасни за граѓаните и одма кога ќе имаме пишан договор со здружението, изјави Биљал Касами.

Само неделава во билтенот на СВР Тетово имаше евидентирано две каснувања од бездомни кучиња кои ги пријави жители на Тетово. 

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Повик за хуманост, да се донира за лекување на Љуљета Адеми

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.