• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Полошко комунално претријатие прва фаза од долгорочното решение за справување со отпадот

 Градоначалниците од полошкиот регион добија насоки од експерти како да се се реализира првата фаза од долгорочниот план за справување со отпадот на денешната работилница и дискусија за регионалниот план за управување со отпад што се одржа во Тетово.  Планот кој опфаќа три фази во периодот 2019-2029 предвидува формирање на заедничко јавно претријатие како и брзи и итни мерки за подобрување на депонијата Русино

09/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалниците од полошкиот регион добија насоки од експерти како да се се реализира првата фаза од долгорочниот план за справување со отпадот на денешната работилница и дискусија за регионалниот план за управување со отпад што се одржа во Тетово.  Планот кој опфаќа три фази во периодот 2019-2029 предвидува формирање на заедничко јавно претријатие како и брзи и итни мерки за подобрување на депонијата Русино.

-Проблемот ни е голем и заеднички. И интензивно сите работиме за да стигнеме до веќе почетните чекори за формирање на заедничкото претријатие. Обврска ни е законска како регион формираме едно заедничко претриајтие и тоа произлегува од првичните анализи од самите експерти кои работат во проектот финансиран од швајцарската влада, но исто така имајќи го предвид фактот дека овие решенија се регионални решенија, не се локални, рече тетовската градоначалничка Теута Арифи.

Се очекува претпријатието да започне со работа до крајот на мај 2020 година.

-Иницијативата за едно претријатие за менаџирање на депонија Русино се смета како посебна и многу важна мерка. На работилницата претставниците на оштините потврдија дека во наредиот период нивните Совети на општините треба да донесат одлуки за формирање на комисијата која ќе работи на подготовка на статус, документација и органите на заедничкото претријатие, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Во брзите и итно мерки со финансиски средства од проектот предвидено е да се постави систем за управување со исцедокот од отпадот како и набавка на колска вага која ќе ја регистрира количината и видот на целиот дојдовен отпад.  Втората фаза од 2021 до 2026 предвидува имплементација на регионален систем за управување со отпад, а додека третата фаза (2027-2029) планирање и изградба на нови регионални софистицирани објекти за третман на отпад.

 

 

 

 

Тагови: депонија русинокомунално претријатиеплан за управуавње со отпадполошки плански регион

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

ОО СДСМ Тетово : Граѓаните сега имаат достапни лекови во текот на целиот месец без никакво ограничување

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.