Околу 18 часа без напојување со електрична енергија беа неколку села кои се наоѓаат на Шар Планина во тетовскиот регион. Согласно отстранувањето на дефектите, снабдувањето е нормализирано во текот на денешниот ден.
-Во село Бродец снабдувњето со електрична енергија прекина вчера во 20 часот. Денес околу 13 часот и 30 минути повторно добивме струја, информира Башким Фејзулаи од месната заедница на Бродец.
Од ЕВН Македонија информираат дека екипите на Електродистрибуција се соочуваат со непристапен терен и многу лоши временски и работни услови.
-Во моментот се сеуште на терен и работат на отстранување на дефектите. Невремето и обилните снежни врнежи проследени со падната вегетација, во изминатото деноноќие предизвикаа неколку дефекти во планинските делови на Тетово како Шипковица, Бозовце, Вејце, Вешала и Бродец, информираше Вјоса Селими, од канцеларијата за односи со јавноста.
Во СВР Тетово се бележи пожар на бандера во Брвеница поради што целото населено место останало без напојување со електрична енергија.
-Вчеравечер 21 март во 23 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовска Брвеница се запалила дрвена бандера, поради што сите потрошувачи во селото останале без напојување со слектрична енергија.Местото на пожарот е фотодокументирано и се расчистува случајот, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
А.С